Дигитално QR Мени

Безконтактно и лесно за користење

Чекори за изработка и испорака на Дигитално мени

Соработка за совршена комбинација од технологија и рачна изработка

Овој проект за изработка на QR менија е реализиран преку успешна соработка помеѓу SoftEX – ИТ компанија специјализирана за дигитални решенија, и Taurus Accessories – компанија за рачна изработка на уникатни производи. Преку обединување на технолошкото знаење и креативното занаетчиство, создаваме производ кој е практичен и модерен, а тоа е дигитално решение за угостителски објекти што сакаат да им понудат поразлично искуство на своите гости.

Дознај повеќе за Taurus Accessories

Дознај повеќе за SoftEX

Кои се предностите при користење на Дигитално мени?

Намалување на трошоците
Веќе нема потреба од постојано печатење на менија. Едноставно отпечатете го вашиот QR код и користете го засекогаш. Со ова, значително ги намалувате оперативните трошоци и ја зголемувате вашата рентабилност.

Лесни ажурирања во реално време
Ги ажурираме цените и додаваме нови јадења во реално време. Сите промени се активни веднаш, обезбедувајќи им на гостите секогаш точни и актуелни информации без потреба од печатење на дополнителен материјал.

Подобро искуство на клиентите
Преку висококвалитетни слики и детални описи, вашите јадења стануваат поистакнати и попосакувани. Ова не само што го подобрува искуството на гостинот, туку директно влијае и на зголемување на просечната вредност на секоја нарачка.

Конкурентска предност
Дигиталното мени ве позиционира како модерен угостителски објект. Оваа технологија ви дава предност во однос на конкуренцијата која сè уште користи традиционални методи.

ДИГИТАЛНО Мени

4499

денари/годишно

Апликација TABLY

од 990

денари/месечно

Скенирајте го QR кодот или Кликнете на копчето

Погледнете како би изгледало вашето QR мени!

Имате прашање? Контактирајте нѐ!

или пак на контакт формата овде